Проруските бунтовници собориле два украински ловци, соопшти портпаролот на украинската армија, цитиран од британските медиуми.
Двата авиона се соборени во реонот на Саур Могила, во источна Украина.
Украинските власти немаат информации за судбината на пилотите.
„Министерот за одбрана“ на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Игор Стрелков, непосредно пред тоа информира за еден соборен ловец, чиј пилот се катапултирал, како и за можно паѓање на втор авион ловец.