Се гради канализациски систем во Ново Коњарево, Општина Ново Село

Од:

Во селото Ново Коњарево, во Општина Ново Село се гради нова канализација за фекални отпадни води во вкупна должина од 10,3 километри.

Како што истакна градоначалникот на Ново Село Блажо Велков, со изградбата на овој систем ќе се подобри урбаното живеење во ова погранично село.

– Овој канализациски систем е дизајниран за прибирање на водите најпрво од улиците и одведување преку главниот колекторски систем до таложникот и третманот на фекалните води. За изградбата на фекалната канализација се веќе обезбедени 25 милиони денари од Европската Инвестициона Банка, преку Министерството за транспорт и врски, нагласи Велков.

Според предвидувањата, канализациониот систем во Ново Коњарево ќе биде готов до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

МВР: За убиство на 48-годишна жена, лишени од слобода четири лица

Предраг Петровиќ

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Денеска до 39 Целзиусови степени

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило