Фолтин, Ти и Jason Falzone на плажа Оревче

Од:

Плажа Оревче, Охрид, во петок на 25 јули започнува со музичките настани за ова лето.

Во уникатниот амбиент, добро познат за гостите, сезоната ја отвора забавата насловена Trap Da Fuck Up со настапи на Anomalia Nativa, Bass Infision, MC Kacar. Стартот е закажан за во 22 часот.

На 26 јули во сабота, по три години, повторно на плажа Оревче концерт ќе има групата Фолтин.

Пред да заминат во Германија ќе ја почестат домашната публика со двочасовна свирка под оган и свеќи. Претходно, низ денот со почеток од 12 часот свој настап ќе има Илина Ангеловска од Канал 103 како загревање за концертот на Фолтин. Во недела, на 27 јули, концерт ќе имаат ТИ од Белград.

Плажа Оревче продолжува со попладневните свирки и затоа концертот на ТИ е закажан за 17 часот со бесплатен влез. Пред нивниот концерт настап ке има Dojo од Белград, а претходно од 12 часот настап ќе има Соња Исмаил од Канал 103.

По викендот, на 30-ти јули во среда следува настапот на њујоршката дј ѕвезда Jason Falzone. Него ќе го придружува американскиот колега Dj Tiho, а претходно од 21 часот концерт ќе има охридската група The Backdoor band.

По повод Илинден и 70 години АСНОМ на плажа Оревче од 22 часот се организира празнична техно забава со настапи на Галатеа, Роботек и Мирко Попов. Празнично на 1, 2, 3 август преку ден настапи ќе имаат ди-џеите на Олук Мултимедиа. И ова лето плажа Оревче настојува со избрана музика да ја збогати музичката понуда во Охрид.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот