Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтерова скала денеска е регистриран во Тихиот Океан, јужно од островите Фиџи, соопшти американскиот Геофизички институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, а нема ниту опасност за појава на цунами.
Според институтот, жариштето на потресот се наоѓало на длабочина од 612 километри под океанското дно.