Набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) имале целосен пристап до местото на несреќата на малезискиот патнички авион, се наведува во денеска објавениот извештај на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина.
Како што јави ИТАР-ТАСС, извештајот се однесува на периодот до 20 јули во 18 часот по локално време (17 часот по средноевропско време)
Местото на несреќата внимателно се обезбедува, се посочува уште во извештајот.