Украинската армија презеде контрола над три града во Доњецката област – Ѕержинск, Рубежное и Соледар, соопшти портапролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана, Андреј Лисенко.
– Украинските војници ги бараат и уништуваат останатите бунтовници во овие градови, истакна Лисенко.
При операцијата биле уапсени голем број сепаратисти и конфискувано е оружје и муниција.
Во реонот на Луганск, украинската армија воспоставила контрола врз стратешкото место Георгиевка, а во Доњецката област врз дел од местото Пески.