Киев подготвен да ја предаде контролата над истрагата за авионската несреќа

Од:

Украина е подготвена да им ја предаде на меѓународните партнери координацијата за истрагата на авионската несреќа. Киев е убеден дека авионот е соборен од професионалци, изјави денеска украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Тој наведе дека Холандија може да ја преземе раководната улога во тој процес.

– Нема никаков сомнеж дека авионот е соборен со ракетен систем со радарско насочување „Бук-М1“, управуван од професионалци. Рускиот претседател Владимир Путин треба да разбере дека тоа не може да продолжи, наведе Јацењук критикувајќи го Путин за снабдување на бунтовниците со оружје. Јацењук додаде дека „тоа не е конфликт меѓу Украина и Русија туку меѓународен конфликт“.

Украинскиот премиер соопшти дека денеска во Харков пристигнале меѓународни експерти за истрага на авионската несреќа. Меѓународната група е составена од 31 експерти – 23 Холанѓани, двајца Германци и двајца Американци и еден од Велика Британија.

Јацењук изјави дека досега се пронајдени 272 тела од вкупно 298 патници во авионот, а 251 тело веќе се во специјалните вагони.

Во меѓувреме украинскиот претседател Петро Порошенко нареди прекин на воените операции во околината на местото на несреќата.

– Издадов наредба, украинската војска треба итно да ги прекине операциите во радиус од 40 километри околу местото на несреќата и да се воздржат од отворање на оган, наведе Порошенко на средбата со малезискиот амбасадор во Киев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми