(ВИДЕО) Второ издание на фестивалот „ДримON“ во Струга

Од:

Иницијатива за независен културен активизам ИНКА од 23 до 27 јули во Струга, по втор пат го реализира фестивалот за процесирање култура „ДримОN“. Официјалното отварање е најавено во среда 23 јули, во 17 часот на летната сцена во ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Под мотото „нурни длабоко“ и оваа како и минатата година организаторите подготвија богата и разновидна програма која нуди можност да се доживеат тематски и жанровски различни области од уметноста и културата.Програмата опфаќа предавања, креативни работилници, уметнички, театарски и музички перформанси, изложби, видео проекции на авторски филмови од Македонија. Оваа година застапени се и неколку странски учесници кои доаѓаат од Србија, Германија, Холандија и Франција.

Програмска новина е летниот саем на книга во кој се застапени изданија на ИЛИ ИЛИ, Магор, Темплум, Македоника Литера и Блесок. Саемот заедно со базарот на уметнички производи ќе работат за време на целиот фестивал Фестивалот „ДримОN“ е насочен кон оживување на креативната сфера на уметноста и културата во која лежи огромен потенцијал за подобрување на сеопштиот квалитет на живеење. Целта е со овој фестивал е да се претстават “креативни производи“ кои се темелат на знаење, умешност, љубов, автентичност и корисност. Програмата на фестивалот ги следи современите културолошки текови. „ДримОN“ пред се претставува автори од младата современа арт сцена во Македонија, но опфаќа и реномирани предавачи од академската и креативната бизнис сцена.

Исто како и првото издание, фестивалот ДримОN се реализира без финансии и на погон на добра волја од сите вклучени актери, почнувајќи од самите организатори, преку учесниците кои со ентузијазам и без инсистирање на надоместок го прифатија учеството на фестивалот, па до локалните бизниси и граѓанскиот сектор кои во рамки на своите можности помагаат да се испромовира фестивалот и домаќински да се угостат учесниците во програмата.За нас оваа поддршка е од огромно значење и показателдека нашата иницијатива е препознаена како вредна заразвојот на заедницата, велат од ИНКА.

Логистички партнер во реализацијата на ДримON е Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, а очекуваат поддршка и од градоначалникот на Струга, Зијадин Села.  Иницијалниот ден Све(с)т во транзит е тематска целина која оди во потрага по проспективни рефлексии за иднината анализирана од аспект на духовниот данок на граѓанското движење сега. Монументите на минатото (работилница со авторот на изложбата МОнуМЕНТИ – Марко Кројач) како сведоци на преосмислувањето на идентитетот се конфронтираат со транзициските предели на сегашноста (инсталација на Игор Тошевски „Предел во транзиција“).

Нов(а) Све(с)т во зародиш создава пукнатини во актуелниот поредок. Во иднината штосекавично заминува, колкава е додадената вредност штоиндивидуално ја должиме во духовниот буџет наопштеството?! (18 % предавање на Небојша Илијевски) Кадарен рез ги обединува аматерската и професионалната филмска продукција во Македонија, правејќи пресек од наградувани кратки филмови и од кратки филмски првенци, на авторите Милчо Манчевски, Игор Алексов, Елеонора Венинова, Наташа Гелева, Филип Матевски и Лидија Мојсовска. Како предавачи, публиката ќе ги чуе Стефан Сидовски и Игор Василев – Новоградска, кој е задолжен и за музичкиот дел од програмата на оваа вечер.

Од филмското платно ќе не одалечи перформансот “Dis- connected” на Ана Лазаревска. Експериментална работилница за деца ќе водат младите уметници Милко Нестороски и Викторија Поповска. Акцент на актуелни струи во архитектурата и урбаното живеење е ставен во програмската целина „Проектирано живеење“ на третиот ден на фестивалот . Публиката ќе има прилика да учествува на интерактивно создавање на оригами инсталација под водство на архитектката Ивана Групче. Концептот за еко села и одржливи заедници ќе биде презентиран од ЈАн Зилјстра и Елена Дишлиевска, а за генетската архитектура на предавањето со наслов „Параметарски формации“ ќе зборува стружанецот Јоне Јанкоски. Со видео запис за необичното уметничко патешествие – арт проектот“DDevice” ќе се претстави уметничкото дуо ОПА. Со музички сет ќе настапи Никола Матоски –музичар и активист од ИНКА. Уметност на улица, уметнички резиденции, слободни уметнички зони, современи аспекти на приментата уметност се дел од содржините во насловот на 4от ден од фестивалот „Утрешниот уметник„ . со работилница, презентација, изложби, ќе е претстават уметниците Катерина Микрут, Alexis Debeuf, Енкел Дика и Љубиша Камењаров. Инспиративната и секогаш вредна да се чуе Ана Јовковска – новинарка и активист, ќе одржи предавање со наслов „Слободни зони на урбаната совест„ – тема во која повторно фокусот е на личниот ангажман наспроти озонските дупки во природата и општеството.ДримON е една од дестинацииите на големата турнеја на дутото „Ти„ од Белград.

Тие заедно со DOJO која настапува пред концертното претставување на новиот албум на дуото „Видимо се“, саботно ќе ја раздрмаат публиката на фестивалот. За крај, организаторите во последниот фестивалски ден, ќе понудат „Башка реалност„ теми посветени на литературата. Присутните ќе се опробаат во креативното пишување преку неколку надреалистички вежби под водство на тимот на ИНКА, истите во преднајава за можеби најголемата ѕвезда на фестивалот Академик Влада Урошевиќ. Поетиката на градот како движечки сензибилитет во модерната поезија е тема та на неговото предавање со наслов Градот и чудесното. Во мета пространствата со две месечини ќе не одведе поетско музичкиот перформанс на поетот Никола Маџиров а, раскажувајќи своја приказна за Анаис Нин и дневниците кои го реосмислуваат живеењето или живот вреден да биде запишан, „Буден театар“ ќе го затворат фестивалот со ремикс на претставата „Јас, Љубам, Бог“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот