Симон Трпчески, во саботата одржа свој рецитал во во престижната лондонска сала „Вигмор“, а кој, по успехот на првиот концерт, се снимаше за неговиопт втор компакт-диск со изведба во живо, токму за посакуваната престижна етикета на „Вигмор Хол“.
„Трпчески е првокласен виртуоз“ истакнува Џесика Дахен, рецензентот на најдобрата британска интернет страница за специјализирано новинарство „Артс Деск“, подвлекувајќи во насловот дека станува збор за„македонскиот магионичар чии мирни води длабоко понираат“.
Македонскиот пијанист, кој досега десeтина пати има настапувано на оваа сцена, овој пат се претстави со дела од Брамс, Равел и Пуленк, а воодушевената публика ја награди и со две изведби на бис.
Оваа сезона на Трпчески ќе заврши следната сабота во Сонома, Калифорнија каде што со Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, ќе го изведе Првиот концерт за пијано и оркестар на Чајковски.