СБ на ОН ќе гласа резолуција за авионската несреќа во Украина

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа резолуција за несреќата во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин најави целосна соработка за враќање на телата на жртвите, јави ИТАР-ТАСС.

Путин вети соработка од страна на Русија во разговор со холандскиот премиер Марк Руте.

Гласањето на предлог-резолуцијата во Советот за безбедност на ОН е закажано за денеска во 15 часот по локално време, односно 19 часот по Гринич.

Предложената од Австралија резолуција повикува проруските сепаратисти да покажат неограничена соработка во истрагата и забранува манипулација на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми