Напад на украинските сили врз Луганск

Од:

Украинските вооружени сили синоќа извршиле краткотраен минофрлачки напад врз центарот на Луганск.

Како што јави ИТАР-ТАСС, во централното градско подрачје од реонот околу зградата на Службата за безбеднот се слушнале десетина експлозии.

Укринскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј вчера го информираше преседателот Петро Порошенко дека Армијата воспоставила контрола врз југоисточниот дел на Луганск.

Проруските сепаратисти од Луганск не ги коментираа ваквите тврдења на Киев, туку само соопштија дека се водат жестоки борби меѓу нивните борци и владините сили.

Според податоците на ОБСЕ, во периодот јуни-јули во судирите и нападите во реонот на Луганск загинале 250 цивили, а 850 биле ранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми