Договорено дислоцирање на телата на жртвите од урнатиот авион во Украина

Од:

Украинската Влада и проруските сепаратисти денеска постигнаа прелиминарен договор за дислокација на телата за загинатите од малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина со 298 патници и членови на екипажот, соопшти украинскиот вицепремиер Володимир Гројсман.

Тој нагласи дека согласно договорот, на украинската служба за вонредни отојба и на меѓународните набљудувачи ќе им биде дозволено да ги пренесат телата на безбедно место, баз да прецизира каде.

Украинската Джравна служба за вонредни состојби соопшти дека до утрово во 7:00 чсот по локлано време (6:00 по средноврооско време) на местото на падот на авионот се пронајдени телата на 196 загинати.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Службата информира дека потрагата по телата на жртвите се спроведува на површина од 34 километри квадратни, од кои досега се прегледани 32 километри квадратни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми