Киев: Имаме „релевантни докази“ дека Руси го собориле малезискиот авион

Од:

Украинските власти денеска соопштија дека располагат со „релевантни докази“ оти малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина, бил соборен од ракетен систем со кој управувале руски државјани.

– Имаме релевантни докази дека овој терористички чин е извршен со помош на Руската Федерација. Знаеме дека тимот на (ракетниот) систем бил составен од руски државјани, изјави раководителот на украинската контраразузнавачка служба Виталиј Најда.

Тој воедно побара од Русија да и ги достави на Украина „имињата на луѓето од тимот“, кој според него го соборил авионот, со цел да може да бидат сослушани од украинските власти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми