Дваесет километарска зона на безбедност околу местото на уривање на малезискиот авион

Од:

Членовите на контакт групата, вклучувајќи ги Украина, Русија и ОБСЕ, се договорија со проруските сепаратисти за создавање зона на безбедност околу местото каде што се урна малезискиот авион, соопшти шефот на украинските служби за безбедност Валериј Наливајченко.

– Разговорите со сепаратистите доведоа до создаване 20-километарска зона за безбедност, за да може Украина да ја исполни главната задача – да ги идентификува телата и да ги врати на семејствата, рече тој.

Иследници и меѓународни набљудувачи пристигнуваат денеска во Киев со надеж дека ќе можат да дојдат до местото на несреќата во реонот контролиран од сепратистите.

Во меѓувреме Владата во Киев ги обвини проруските сили во источна Украина дека се обидуваат да ги уништат доказите на местото на падот на малезискиот авион, како и за носење на 38 тела од местото.

– Владата на Украина официјално тврди дека терористи, со помош на Русија, се обидуваат да ги уништат доказите на меѓународните злосторства, наведено е во денешното соопштение на украинската Влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми