Групна крштевка во водите на реката Бабуна кај Велес

Од:

Во организација на Повардарската Епархија со седиште во Велес денеска по седми пат во водите на реката Бабуна во близина на Велес со почеток во 10 часот ќе се изврши групна крштевка.

Како што информираат од Епархијата Повардарска, чинот на Светата Тајна Крштението ќе го изврши митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес.
Крштевката е бесплатна, а до самиот чин можат да се пријават сите заинтересирани граѓани од Велес, велешко и други општини, кои се постари од 14 години и досега се уште не се крстени.

Минатата година во јули во водите на Бабуна кај Велес беа крстени 27 граѓани или во изминатите шест години светото тајно крштение го примија вкупно 262 граѓани од сите возрасти од Велес, велешко, а ги имаше и од соседните општини.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна