Стотина патници од урнатиот малезиски авион оделе на конференција за СИДА во Австралија

Од:

Стотина од 283-цата патници на малезискиот авион, што вчера се урна во Украина, оделе на меѓународна конференција за СИДА-та, што на крајот од неделава почнувала во Мелбурн, соопштија австралиски медиуми.

Авионот „Боинг 777“ летал од Амстердам за Куала Лумпур, од каде дел од патниците требало да продолжат за Мелбурн.

Според весникот „Сиднеј морнинг хералд“ учесниците на подготвителна средба за конференцијата биле информирани дека стотина нивни колеги биле во авионот, што „над Украина бил соборен со ракета“.

Претседателката на Меѓународната заедница за СИДА, Французинката Франсоаз Баре-Синуси, изјави дека не е во состојба да потврди дека 108 учесници од форумот биле во авионот.

Австралискиот министер за надворешни работи Џули Бишоп пред новинарите во Бризбејн изјави дека „извесен број патници“ од авионот патувале за Мелбурн за учество на 20-та меѓународна конференција за СИДА-та, што почнува во недела.

Бишоп прецизира дека најмалку 27 австралиски државјани биле во малезискиот „Боинг“, што требало да продолжи за западниот австралиски град Перт, по слетувањето во Куала Лумпур.

Меѓу жртвите биле и неколку светски познати научници и активисти во борбата против СИДА-та.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми