Во борбите во Украина за една недела загинале илјада украински војници, тврдат сепаратистите

Од:

Загубите на украинската армија во жива сила за време на борбите во источна Украина во последната недела изнесуваат најмалку илјада војници, изјави за ИТАР-ТАСС еден од лидерите на т.н. „Народен фронт на Новорусија“ од Доњецк, Константин Долгов.

Тој додаде дека, според проверени податоци, во мртовечниците на градот Харков има „не помалку од 4.000 трупа“, а за последните седум дена нивниот број се зголемил за илјада.

Портпаролот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Андриј Лисенко, во Киев изјави дека по завршувањето на воените дејствија во источните региони на земјата долж границата со Русија ќе биде крената бетонска ограда.

Во интервју за ТВ каналот Си-Ен-Ен, украинскиот министер за внатрешни работи, Павло Климкин, изјави дека не очекува „војна со Русија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми