Украинските безбедносни служби тврдат дека пресретнале разговор, кој докажува дека Русија и проруски сепаратисти се виновни за уривањето на малезискиот патнички авион, пренесе британски „Телеграф“. Според разговорот, кој што се одвива помеѓу офицери на руски разузнавачи и командант на сепаратистите, Русија е одговорна за падот на „Боингот 777“.
-Штотуку урнавме авион-вели офицер.
Другиот повик наводно повторно се одвива помеѓу двајца сепаратисти, од кои едниот го истражува местото на падот на авионот, каде што на сопствено изненадување дознаваат дека леталото било цивилно.
– Тоа е 100 проценти патнички авион. По ѓаволите! Остатоците паднаа право во дворовите од куќите-вели едниот од нив.
Украинскиот амбасадор при ОН, Јуриј Сергејев по несреќата, на „Твитер“ објави дека „Украина ќе ги објави доказите за вмешаност на руската војска во падот на авионот“.
-Ова злосторство треба да се истражи целосно-наведе Сергејев.
Е. Г.