Во тек реконструкција на Албанскиот театар

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и државниот секретар Бехиџудин Шехаби денеска го посетија Албанскиот театар во Скопје, каде е во тек реконструкција. Се очекува да биде завршена во септември следната година.

Канческа-Милевска изрази задоволство од динамиката на реконструкцијата на објектот. Информира дека на есен, во октомври или ноември, оваа институција ќе добие нова фасада, покривна конструкција и нови прозорци, по што ќе се продолжи со уредување во внатрешноста на објектот.

– Се работи за корисна површина од над 4.300 метри квадратни. Влезот ќе биде поголем, а објектот ќе ги има и двете сали кои постоеја и претходно. Сценската технологија и она што ќе биде вградено, како и досега, ќе биде од најврвните светски технологии, и аудио и видео опрема и технологија, рече Канческа-Милевска.

Директорот на Албанскиот театар Адем Карага истакна дека работат во Театар комедија и додаде оти ги изведуваат претставите од редовниот репертоар.

– Ова е прв голем зафат за целосна реконструкција на Театарот, од самото отворање, речиси 40 години од постоење на оваа зграда, рече Карага.

Реконструкцијата на Албанскиот театар почна во јануари, но поради временските услови, продолжи поинтензивно од април годинава. За реконструкцијата, која според договорот изнесува околу 492 милиони денари или околу 8 милиони евра, задолжена е италијанската фирма „Ламоне Мореда“.

Се реконструираат 4.300 метри квадратни. Од објектот остануваат само темелите и надворешните ѕидови, а во внатрешноста се интервенира насекаде, во сцена, инсталации, машинство…

Би можело да ве интересира

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Поетроника, интервју со Митковски и Салпе: Идејата е авангардата да ја направиме мејнстрим

Вечерва официјално се затвори МТФ Денови на комедија Куманово 2025 при што се доделија и наградите

Предраг Петровиќ

Објавен е регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година.

Предраг Петровиќ

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ вечерва го затвора 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“: Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, рече Наум Доксевски