Украина бара ЕУ да воведе нови санкции против Русија

Од:

Украина денеска побара од Европската унија да воведе нови санкции кон Русија поради поддршката за сепаратистите во Источна Украина.

– Комплицирањето на ситуацијата во Донбас, големиот број докази за мешањето на Русија на страната на сепаратистите дава се повеќе и повеќе причини за да се премине на третата фаза на санкции за да се спречи руската агресија, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Васил Зварич.

Неименува дипломат изјави дека девет земји-членки на Европската унија се подготвени да ги блокираат обидите за воведување на економски санкции против Русија.

– Франција, Германија, Луксембург, Австрија, Бугарија, Грција, Кипар, Словенија и претседавачот со ЕУ, Италија не гледаат основаност за воведување на трговско-економски санкции против Русија и на утрешната средба на Европскиот совет ќе се изјаснат против, изјави неименуваниот дипломат.

Тој посочи дека санкциите против Русија се можни единствено со консензус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми