Во воздушен напад врз градот Сњежноје, кој е под контрола на проруските сепаратисти, денеска загинаа најмалку четворица цивили.
Проруските сили за нападот го обвинуваат украинското воено воздухопловство. Ракетите истрелани од авионот погодиле блок станбени згради и зградата на даночната управа.
Дел од руските медиуми јавија дека украинскиот авион истрелал пет ракети при што загинале десет цивили.
Претставник на украинскиот Совет за безбедност, Андреј Лишенко потврди дека градот Сњежноје, во Доњецката Област, е бомбардиран и оти има жртви и материјална штета. Тој тврди дека непознато летало го нападнало градот со цел да ги дискредитира украинските владини сили.