Бицепсите на Мустафа Исмаил, 24-годишно момче од Египет, официјално влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најголеми во светот.
„Луѓето ми велат дека ги потсетувам на Попај Морнарот. Тоа ми е семшно, затоа што не јадам спанаќ. Всушност мислам дека моите раце се поголеми од тие на јунакот од цртаниот филм“, вели Мустафа.
Пред пет години, кога тој не успеал да влезе во египетскиот бодибилдинг тим, се преселил во САД и сега живее таму со неговата сопруга.
Вежба најмалку 2 пати во денот, или вкупно три часа, а може да подигне неверојатни 227 килограми.
Признава дека зема протеински шејкови за да му помогнат во билдањето, но сепак за неговите мускули најодговеорен е неговиот татко, кој бил борач, односно генетиката.
Секој ден од 5:00-8:00 часот се концентрира на кардио вежби, вежби за сила и обликување на телото, при што користи тешки и лесни тегови.
Во неговата секојдневна исхрана вклучува 1,3 килограми пилешко, пола килограм риба, четири големи чаши бадеми, различни извори на јаглехидрати, девет литри вода и три литри протеински шејкови.
Кога не вежба, оди да работи на бензиска станица, во близина на неговиот дом во Масачусетс.