Краткиот игран филм на Гоце Цветановски „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ е селектиран на Гросман филм и вино фестивалот во Словенија каде што ќе се натпреварува за престижната награда Сребрен Мелиес.
Фестивалот се одржува од 15 до 19 јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа.
Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската федерација на фестивали на фантастични филмови, http://www.melies.org, а победникот на фестивалот автоматски станува кандидат за Златен Мелиес – најдобар краток фантастичен филм во Европа.
„Мал дисконтинуитет во времепросторот“ е независна копродукција на неколку продуцентски фирми од Македонија, а главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска.