А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионална дата база на судската пракса на Европскиот суд за човекови права

by А1он14/07/2014 - 10:3914/07/2014 - 10:47147
Share0

Во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, а во соработка со АIRE Центарот од Лондон, денеска ќе се одржи национална промоција на Регионалната дата база на судската пракса на Европскиот суд за човекови права релевантна за државите од Југоисточна Европа.

Добивај вести на вибер

Воведни обраќања на промоцијата ќе имаат министерот за правда Аднан Јашари, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска, програмскиот менаџер на Програмата за владеење на правото во Западниот Балкан, AIRE Центарoт од Лондон, Билјана Брејтвејт и вршителот на должност во Британската амбасада во Скопје, Кристин Винтербурн.

На промоцијата излагања за актуелните предизвици во спроведувањето на Европската конвенција за човекови права во Република Македонија ќе имаат д-р Мирјана Лазарова-Трајковска, судија на Европскиот суд за човекови права и Костадин Богданов, директор на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Регионалната дата базата пред присутните ќа ја презентираат Билјана Брејтвејт, програмски менаџер на Програмата за владеење на правото во Западниот Балкан, АИРЕ Центарот од Лондон и Велимир Деловски, регионален проектен координатор за Македонија.

Промоцијата е резултат на соработката помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и AIRE Центарот од Лондон – организација која повеќе од 25 години работи посветено во областа на промоцијата и заштитата на човековите права, а во рамките на Проектот за владеење на правото во Западен Балкан, кој е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и Британската амбасада во Скопје.

makedonija

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски14/01/2026 - 18:4014/01/2026 - 19:02

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 21:40

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 17:33

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 14:11

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Предраг Петровиќ06/01/2026 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен