Две двојки се венчаа на Галичката свадба

Од:

Две двојки, Стефан Куковски и Маргарита Ивановска и Иван Сареивски и Ана Гареска, во црквата Св. Петар и Павле, во Галичник денеска се венчаа со што заврши 41. издание на манифестацијата Галичка Свадба.

Од вознобувањето на оваа културно-туристичка манифестација, ова е прв пат да се организира двојна веселба.

Домашните обичаи се изведуваа на две места, со две тајфи сватови и музика.

Свадбените обичаи започнаа синоќа со китењето на бајракот и носењето на невестите на вода, а продолжија утрово со канење на мртвите, кумот и најблиските.

Со галичката свадба, уникатна манифестација, на посетителите им се преставуваат околу 30-тина свадбени обичаи карактеристични за мијачкиот крај од кои повеќето и денес се изведуваат на македонските свадби.

И годинава, пред чешмата Упија и низ селските сокаци можеа да се видат раскошните носии, а со звуците на дебарските мајстори на тапанот и зурлата, беа изиграни ората: тешкото, невестинско, свекрвино…

Месната заедница Галичник, организаторот на Галичката свадба, со оваа двојна свадба, како што беше речено, се испраќа порака до младите парови: да има што повеќе венчавки и повеќедетни семејства во Македонија, онака како што пред многу години во Галичник, на Петровден се правеле и по педесетина свадби, така и сега да се врати традицијата и да има повеќе венчавки.

Годинава тројца од четворицата младенци, кои се венчаа, имаат потекло од Галичник. Ана Гареска и Иван Сариевски се по потекло галичани и претходно биле учесници во сватовските свити.

– Огромна цест и задоволство е да се прави Галичка свадба, зошто тоа е начинот на кој нашите предци ја крунисувале својата љубов. Чувството е неповторливо. Тоа е еден вид на сплотување на минатото и на сегашноста, вели Гареска.

Ана и Иван, кој е внук на славниот македонски пејач Александар Сариевски, се две години во врска, иако се познаваат повеќе од една деценија. Маргарита Ивановска, втората невеста е битолчанка по потекло, со голема љубов зборува за Галичник.

– Јас и Стефан се запознавме во Скопје, но нашата љубов се разви во Галичник. Затоа сакам ова место да го направиме храм на љубовта. Веќе се чувстувам како Галичанка, вели Ивановска. Таа и Стефан, галичанец по потекло, се две години во врска.

Би можело да ве интересира

Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска годинешни зет и невеста за Галичката свадба

Катерина Ѓуровски

Претседателот Пендаровски и сопругата Ѓоргиевска на „Галичка свадба“

Почнува „Галичка свадба 2017“

Наум Локоски

Викендов 43. Галичка свадба

Емир Латифовиќ

Втор ден од 42. Галичка свадба

Емир Латифовиќ

Денеска во Галичник свадба со две невести

Емир Латифовиќ