Најново итражување спроведено на Универзитетот во Манчестер, тврди дека мажите на прагот на 40-те години стануваат помалку привлечни за жените.
Во просек шест од десет жени изјавиле дека кога мажите ќе наполнат 39 години им стануваат помалку сексуално привлечни.
Причините за ваквото чувство кај жените на прв поглед се исклучиво од физичка природа, па жените како причини за помала привлечност ги навеле лошите заби, вишокот килограми, појавување бели влакна и ќелавост.
Кога годините ќе почнат да се „гледаат“ на мажот, жените се помалку заинтересирани за флерт и запознавање, па многу жени рекле дека мажите на таа возраст им се речиси невидливи.
Четириесеттите години се и повеќе од деликатни за секој маж па изгледа дека на таа возраст ќе имаат повеќе маки да освојат жена.