Војната се сели во Доњецк

Од:

Ремонтирано оружје, финансиска помош од САД тешка 23 милиони долари и новиот министер за војни, донесоа поен за Киев

Украинската армија во изминатите неколку дена успеа да влезе во Славјанск и Краматорск, важни места на бунтовниците од југоистокот на поранешната советска република, пренесоа агенциите. Но, овој воен успех остана под сенка на фактот дека двата наведени градови, во момент на влезот на силите под команда на Киев, не беа бранети. Придојдената војска ја дочекаа само цивили и локалната полиција. Истовремено, припадниците на бунтовничките вооружени сили плански се повлекоа во Доњецк, создавајќи од овој милионски град свое ново засолниште.

Објективно, успехот на регуларните воени сили на Украина прилично е неочекуван, но не и необјаснив. Како што потврди американскиот Њујорк тајмс, на украинската војска во последен момент се приклучија и доброволци, а воената техника е ремонтирана, поточно доставена од поранешните советски републики, сегашни членки на НАТО. И клучно, од САД во Киев стигна финансиска помош тешка 23 милиони долари.

Многумина истакнуваат и дека реорганизацијата на воениот врв и поставувањето на поранешниот полициски офицер Валериј Гелетеј на функцијата министер за одбрана внесе нов елан меѓу припадниците на регуларната војска.

Не треба да се занемари ни фактот дека рускиот претседател Владимир Путин, во рамки на обидите во Украина да се спречи вооружен судир, се откажа од правата кои своевремено го даде Советот на Федерацијата, а тоа е воено да се вмеша во украинскиот судир.

Лесното откажување од шеф на украинската држава на Петар Порошенко од прекинот на огнот, договорен со Москва и државите членки на ЕУ и Организацијата за европска безбедност и соработка, како и продолжување на т.н. антитерористички акции, практично земјата преку ноќ ја внесоа во воена состојба.

Воениот пресврт кој се случи во таква состојба, сигурно дополнително го осоколи Порошенко, но прашање е до која мера неговото задоволство може да оди и дали тој е подготвен на евентуална долга опсада на Доњецк, со постојани барања од Москва и Брисел, конечно да се приклони кон вистински прекин на непријателството. Бидејќи, оддолжување на војната само ќе предизвика нов бран бегалци. Покрај тоа, нема сомневање дека бунтовниците, освен одбраната на Доњецк, во еден момент ќе се одлучат и на варијанта на т.н. партизанско војување. А, тоа веќе би била состојба која тешко се контролира.

Од друга страна, колку и Западот да и се заканува на Русија со дополнителни санкции. Путин сигурно ќе биде под уште поголем притисок од домашната јавност да се спротивстави на американското влијание на владата во Киев и како што и вети, посериозно да ја прифати улогата на спасител на руското население во соседната земја. Некаков договор во таа смисла со европските земји, пред се со Германија, би покажал вистинска политичка умешност на рускиот лидер. Како што рече Александар Дугин, по политичка определба краен националист, – уште постои надеж дека Путин ќе се вмеша во настаните во источна Украина. Инаку, со него е готово.

Додека на украинскиот терен се водат воени игри и медиумите се повеќе се вклучуваат. Како и во некои други неодамнешни состојби, непроверени, па и лажни информации се пласираарт и по електронските и печатените медиуми еднакво.

– Атируската хистерија, подгреана од страна на Белата куќа, е насочена на тоа да се сокрие вистината од теренот, додека истовремено телевизиските станици и печатот се преполни со конференции за печат од Барак Обама и високи раководители на НАТО, на кои без никакви скрупули се изнесуваат лажни податови – пренесува шпанскиот портал Ребелион.

Како пример порталот ја наведува изјавата на претседателот на САД дадена на 2 мај во текот на конференцијата со германската канцеларка Ангела Меркел, дека владата во Киев е легално избрана, иако се работи за пучистичка влада составена по катастрофалните настани во украинскиот главен град пред неколку месеци и сите решенија кои таа влада ги донела можат да се сметаат за незаконски.

Како и да било, нема сомнеж дека пред Киев, Москва и Брисел стојат нови мировни преговори. Кога ќе дојде до нив и во кои околности, останува на совеста на Петар Порошенко. Не само затоа што се работи за земја на која тој е претседател, туку и поради фактот дека до сега не се покажал како преговарач на кој треба да му се верува на секој изговорен збор.

Свој уште поконкретен придонес мора да даде и Германија, на која продолжувањето на украинскиот судир може да донесе најмногу главоболки. Одлучноста на канцеларката Ангела Меркел во таа смисла не може да се доведува во сомнеж. Прашање е само со какви адути располага Меркел, освен фактот дека се работи за лидерска земја во рамки на ЕУ. Бидејќи таа не може да си дозволи, решението кое би било донесено да не ги задоволи и Москва и Киев.

Веројатно најпоразително е тоа што ОЕБС во украинската приказна се покажа како целосно јалова. Наместо се што се решава да се донесува токму во нејзини рамки, одлуките зависат само од Киев, Москва и Берлин. За организација која има за задача да се грижи за целиот континент, тоа во најмала рака е поразително.

Славјанск и Краматорск на Крим

Американската ТВ мрежа СиЕнЕн во својот извештај за повлекување на проруските сили од градовите Славјанск и Краматорск на југоистокот на Украина прикажа мапа на која тие градови ги смести на територијата на Крим, од неодамна припоен кон Русија, пренесе рускиот канал Раша тудеј. Во освртот на грешките на американската мрежа кога се работи за познавање на географијата, РТ потсетува и на едно неодамнешно истражување на американскиот весник Вашингтон пост, кое покажа дека сам секој шести Американец умее да ја лоцира Украина на мапата на светот.

Би можело да ве интересира

Руските сили ја презедоа контролата врз градот Новогородовка во Доњецк

Русија зазеде уште едно важно место во Доњецк

(ВИДЕО) Гранатиран трговски центар во близина на Доњецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Доњецк: Најмалку две жртви, четворица ранети во украински ракетен напад

А1он

Началникот на руската војска: Фокусот на Москва е „ослободувањето“ на украински Доњецк

А1он

Снимка од нападот на окупираниот Доњецк

А1он