Вкупно 478 цивили, вклучувајќи и седум деца и 30 жени, загинаа во украинската воена операција во источните области на Украина, соопшти денеска украинското Министерство за здравство, додавајќи дека оваа бројка е поголема од бројот на жртвите меѓу вокниците.
Украинскиот заменик-министер за здравство Васиљ Лазоришинец наведе дека во борбите се ранети и 1.392 лица, од кои 104 се жени и 14 деца.
– На болничко лекување моментно се наоѓаат 279 од нив, додаде Лазоришинец.