Медведев бара ослободување за “Pussy riot”

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев повика на ослободување на трите членки на панк бендот “Pussy riot”, наведувајќи дека нивното останување во затвор би било “непродуктивно”.

“Понатамошното држење во затвор во тој случај ми се чини непродуктивно. Овде, по мое мислење, би била доволна условна казна, имајќи го во предвив времето кое го поминаа во притвор”, рече Медведев на состанокот со активистите на владеачката Единствена Русије.

Како што пренесуваат руски медиуми, премиерот рекол дека не сака да се меша во работата на судиите, но според неговото мислење “казната која веќе ја добиле, доста долгото држење во притвор е сосема доволно да се замислат за тоа што се случило, дали е од нивната глупост или од други причини“

Изјавата на Медведев може да биде сигнал за ослободување на трите девојки, со оглед дека Апелациониот суд ќе одлучува за казната на 1. октомври. Трите припаднички на “Pussy riot” поминаа повеќе од пет месеци во притвор, а во август беа осудени на две години затвор поради “хулиганство предизвикано од верска омраза“.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија