Над 22 милиона евра има на сметките на најбогатиот романски пратеник, пишува денеска весникот „Гандул“, кој ги анализирал анкетните листови за имотната состојба на пратениците.
Триесет и шест годишниот пратеник од владејачката Социјалдемократска партија, Себастијан Гица освен милионите на својата сметка, поседува и уметнички дела во вредност од 13 милиони евра, како и накит и часовници за околу четири милиони евра.
Од анкетните листови за имотната состојба се гледа дека друг пратеник од Социјалдемократската партија поседува најмногу имоти. Зису Станчу има 70 земјоделски имоти и 12 живеалишта, од кои 11 станови во Букурешт.
И други пратеници од различни парламентарни групи се изјасниле дека поседуваат десетици имоти и станови, како и банкарски сметки со милиони евра.