На социјалните мрежи кружи фотографијата „Љубов“ на Дејан Ѓуриќ од Ивањица, Србија која предизвика голем број позитивни коментари и за кратко време стана вистински хит.
Фотографијата на брачниот пар Димитријевиќ, е забележана на улиците во Ивањица, а има десетици илјади лајкови, меѓу кои и од познати актери, пејачи, спортисти.
Иако седумдесет и осумгодишниот Бранислав пред две години го изгубил видот, неговата сопруга Марица со иста доза на љубов се грижи за него.
На коментар на „Твитер“ стои дека токму оваа фотографија ја вратила верата во љубов.
Е. Г.