Брисел и Киев ќе изготват план за обновата на Украина за периодот 2014-2016 година

Од:

ЕУ и Украина се договорија за разработка на заеднички „план за раст и обнова на Украина за периодот 2014-2016 година“, а за таа цел во земјата ќе пристигне експертска мисија на Унијата.

Ова се наведува во финалното коминике на денеска завршената координациска средба на донаторите, посветена на подготовката за есенската конференција за собирање странска помош за Украина, пренесе ИТАР-ТАСС.

На денешната средба не беа определени конкретни суми дополнителна помош за земјата.

На средбата учествуваа претставници на Европската комисија, на земјите членки, како и на САД, Канада, Јапонија и други потенцијални донатори. Претставени беа и ММФ, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Програмата на ОН за развој и неколку хуманитарни организации.

На 5 март ЕК утврди програма за економска помош за Украина во вкупен износ од 11 милијарди евра, од кои 1,61 милијарди евра се стабилизациска макрофинансиска помош. ЕУ вети и дека дополнително ќе оддели 1,5 милијарда евра од своите фондови за развој за периодот до 2020 година за поддршка на украинската економија.

Останатите осум милијарди евра ќе бидат доделни од ЕБОР (пет милијарди) и ЕИБ (три милијарди) за конкретни инвестициски проекти, чие спроведување ќе зависи од реалните показатели на украинската економија, како и од реформите во Украина.

Рокот за доделувањето на сумите од овој дел уште не е определен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми