Властите во БиХ денеска презедоа голема операција против неколку криминални групи осомничени за шест убиства, грабежи, незаконски трансфер на пари и шверц со наркотици. Операцијата е наречена „Лутка“.
Во операцијата се приведени „десетици“ осомничени и извршен е претрес на неколку објекти во државата. Спроед западни медиуми кои ја оквалификуваа акцијата како најсилен удар врз организираниот криминал во Босна по војната, уапсени се 25 луѓе.
Локални медиуми јавуваат дека еден од уапсените е босански бизнисмен од албанско потекло – Насер Келменди, кој оваа година е ставен на американскиот „црн список“ за учество во една од најголемите органзиации за шверц на кокаин и хероин во светот.
Насер Келменди заедно со синовите и браќата има неколку хотели и транспортни компании во Босна, Црна Гора, Србија и Косово.