Украинскиот долг за рускиот гас достигна до 5,3 милијарди долари, изјави директорот на „Газпром“ Алексеј Милер.
Тој тврди дека украинската државна нафтена компанија „Нафтогаз“ не го платила гасот за првит две недли од јуни, а рокјот бил до седми јули.
– „Нафтогаз“ не го плати гасот бидејќќи компанијата не се согласува со цената одредени од „Газпром“, изјави претставничката на украинската компанија Алена Осмоловскаја.
Украина во јуни увезе 1,7 милијарди кубни метри руски гас со вкупна вредност од 838 милиони долари. Со тоа вкупниот долг на Украина за гас достигна 5,296 милијарди долари односно не се платени 11.535 милијарди кубни метри руски гас. „Газпром“ на 16 јуни го запре снабдувањето на Украина со гас бидејќи не е платен авансот за јунското количество.