Индискиот магазин Moneylife наведува дека синот и сопругата на индискиот бизнисмен Субрата Рој кој е во затвор, добиле македонско државјанство и се откажале од државјанството во Индија. Според магазинот, тоа е начин како да се спречи индиските органи да трагаат по црните пари на бизнисменот кои ги контролираат неговата сопруга и синот.
-Сопругата и синот на Субрата Рој стекнале македонско државјанство на Република Македонија. Сушанто Рој и Свапна Рој .
Додека Субрата Рој е во затвор поради тоа што не ги почитуваше наредбите на Врховниот суд на Индија, клучните членови на семејството Рој, кои се дел од моќните приватни инвестициски компаниии чии пари во странство ги контролираат, веќе се откажале од индиското државјанство.
Факт е дека македонското државјанство е меѓу најевтините, од многуте земји кои нудат државјанстав во замена за инвестиции. Сепак, факт е и дека многу врвни индиски индустријалци и нивните наблиски соработници се стекнуваат со странско државјанство кое е важно во контекстот на напорите на владата да влезе во трагата на црните пари, пишува магазинот.