Претседателот на Украина Петро Порошенко одобри план за специјална операција во Донецк и Луганск, јави ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на заменикот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана Михајло Ковал.
Според Ковал планот ги предвидува сите етапи за ослободување на земјата од луѓето, кои ја дестабилизираат ситуацијата таму. Ковал нагласи дека со продолжувањето на активната фаза на операцијата во Источна Украина фактички целата граница со Русија е затворена за можно внесување на тешко вооружување на територијата на Украина.
– Дури и во Луганската област. Ситуацијата е таква, што целата граница е контролирана од вооружените сили и граничарите, изјави Ковал.