Додека на ABC вчера ја почнаа утринската програма со една минута молчење, на NBC мајката на популарната старлета Ким Кардашијан зборуваше за своите први импланти кои ги ставила на 23 години.
Останатите телвизии но и американската јавност остро го осудија овој потег на NBC нарекувајќи го како невкусен и срамотен. Несоодветното интервју предизвика бројни реакции и на социјалните мрежи, а многумина бараа и јавно извинување.