Украинското знаме се вее над Славјанск

Од:

Украинските сили го поставија украинското знаме во главното упориште на проруските сили – Славјанск, откако ги потиснаа од тој индустриски град во Источна Украина.

– Украинското знаме пред една минута беше поставено на градското собрание на Славјанск пред построените украински војници, му соопшти украинскиот министер за одбрана Валериј Гелетеј на претседателот Петро Порошенко, се наведува во соопштението објавено на интернет страната на Владата во Киев.

Претставниците на самопрогласената „!Доњецка Народна Република“ (ДНР) потврдија денеска дека проруските сили го напуштиле Славјанск, кој бил обиколен од сите страни од украински војници, при тоа соопштувајќи дека претрпеле минимални жртви.

Премиерот на т.н. ДНР Александар Бородај вели дека земајќи ја предвид бројчаната надмоќ на украинските сили, војската на ДНР била принудена да ги напушти претходните позиции на северниот дел на фронтот и да премине на резервните. сепак, тој додаде дека проруските сили ќе продолжат да се борат.

Претходно, украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков кажа дека голем дел од проруските сепаратисти избегале од Славјанск по континуираното гранатирање од страна на украинските сили.

На интернет страната на Претседателот беше објавено дека новоназначениот началник на Генералштабот на украинската армија му соопштил на Порошенко дека сепаратистичките борци биле подложени на гранатирање откако се обиделе да ги пробијат линиите на владините сили.

Сепаратистите загубиле еден тенк и други оклопни возила.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми