Париз Vs. Њујорк: Приказна за два града

Од:

Францускиот уметник и графички дизајнер Вахрам Муратјам во својата серија на илустрации ги обедини двата града, Њујорк и Париз, прикажувајќи ги нивните спротивности, но и сличности. Несомнено енергијата што ја поседуваат Њујорк и Париз се чувствува насекаде низ светот.

Серијата илустрации „Париз против Њујорк“ во почетокот (2010 година) беше блог. Откако наиде на големо воодушевување, доби и печатена верзија која ова лето само во Франција е продадена во повеќе од 40. 000 копии.

Прекрасен визуелен водич низ урбаните асоцијации на овие два космополитски града и нивните современи, главно културни дефиниции, Вахрам ги прикажува во својата неверојатно симпатична серија на илустрации.

Вахрам е Французин со ерменско потекло кој одредени периоди од својот живот ги поминал и во Париз и во Њујорк. Инспириран од атмосферата на интересен начин ги преставува различните, но и заедничите работи на Големото јаболко и францускиот главен град.

Деталите можеби на прв поглед не се забележуваат, но токму тие го прават духот на градот или неговиот имиџ во светот. Со нив се гради сликата што ги привлекува гостите, од една страна на американската култура, која секогаш била шок за многумина од оваа страна на светот и, од друга страна, на специфичната, софистицирана француска култура како нејзин противник од европскиот континент.

Пример малото слатко еспресо наспроти големите чаши за кафе. Слатката, необична Амелија од Монмартр чекори храбро заедно со убавата модерна Кери од источната страна на Њујорк, додека Космополитен му се смее в лице на сериозното „Бордо“ вино.

Едноставни, високо ефектни и оригинални илустрации на Муратјан се пропратени со доза на хумор, но и иронија, изразени како една синтеза на двата града, со иста количина на љубов и без пристрасност.

Уметникот вели дека на едниот град гледа како на своја сопруга, а на другиот како на љубовница, или пак како на двајца пријатели кои постојано се спротивставуваат, се натпреваруваат, понекогаш паѓа и по некоја тупаница, но крајот сепак зарвршуваат пак заедно, во мир и љубов.

Тој исто така напоменува дека премногу ги сака разликите на овие два противника и никогаш не би сакал тие да бидат исти, или да се прелеат еден во друг.

Според Вахрам, токму во различноста се крие и фактот, најдоброто нешто, дека секоја нација има свои симболи и животен стил, носители на модата, културата, политиката, музиката, филмот, историјата, обичаите.

По ваква успешна серија, нормално е да се очекува од него, споредба на некои други два града.

Вахрам вели дека Париз и Њујорк имаат долгогодишна врска, затоа и сон на секој њујорчанец е да го посети градот на светлината и обратно. Тие имаат и заедничко минато, можат да се надополнат еденсо друг.

Пример со нивниот натпреварувачки дух, „Емпајр стејт“ изградена да се натпреварува со Ајфеловата кула или пак последната епизода на серијата на „Сексот и градот“, која на обострано задоволство е снимена токму во Париз.

„Можеби во некои други градови луѓето имаат далеку подобар животен стандард, но градовите од соништата никогаш нема да бидат Цирих или Ванкувер, туку Париз и Њујорк“, вели Вахрам.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот