Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера ја отфрли можноста официјален Киев да воведе едностран прекин на огнот во југоисточните региони Донецк и Луганск.
-Нема да има едностран прекин на огнот, изјави Порошенко, соопшти претседателската прес служба по средбата со лидерите на парламентарните пратенички групи.
Порошенко на средбата ги запознал пратениците со соддржината на телефинскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кои ја истакнале потребата од понатамошен дијалог меѓу претседателот на Украина и претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува ИТАР-ТАСС.
Според Порошенко таков дијалог е можен само под услов сите страни да го поддржат неговиот мировен план, бидејќи нема да има едностран прекин на огнот, се наведува во соопштението.