Над 150 убиени војници и проруски сепаратисти во новите судири во источна Украина

Од:

Најмалку 150 проруски сепаратисти и двајца украински војници се убиени во тешките борби во источна Украина, соопштија властите во Киев, цитирани од ДПА.

-Армијата нападна шест позиции на сепаратистите и го опколи градот Николаевка, соопшти порпаролот на антитерористичката единица. „Ранети се четворица војници“, додаде тој.

Украинскиот претседател Петро Порошенко во понеделникот соопшти дека Киев нема да го продолжи прекинот на огнот, по што веднаш беше обновено гранатирањето на Доњецк и Луганск.

Сепаратистите во двете самопрогласени „народни републики“ се надеваат на дополнителна воена поддршка од Москва.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин во средата во Берлин се сретна министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Русија. На средбата се постигна спогодба до сабота да почнат преговори за ново примирје меѓу Киев и проруските бунтовници. Порошенко вчера, меѓутоа, во телефонски разговор со американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека нов прекин на огнот ќе биде можен само ако и двете страни се ангажираат да го почитуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми