Седум цивили загинаа во напад на украински авиони врз село близу Лугањск

Од:

Седум цивили загинаа меѓу кои и петгодишно девојче откако украински авиони бомбардираа село на 20 км. од Лугањск. Во нападот врз селото Старај Кондрашевка ранети се осум луѓе, изјави заменик командант на специјален батаљон за една украинска тв-станица додавајќи дека бомбардирањето било грешка на пилотот.

Тој додава дека селото најверојатно се наоѓало меѓу сили на самопрогласената Лугањска народна република и украинската армија.

Шефот на Лугањската регионална администрација Валери Голенко тврди дека во нападот имало 12 загинати и десетици ранети. Украинските погранични власти денеска соопштија дека руски борбени хеликотери во неколку наврати го нарушиле украинскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми