Се урна воен авион на Украина, погоден со проектил

Од:

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа при обид за слетување на аеродром во градот Дњепропетровск, се урнал воен авион Сухој Су-24.

-Авионот „Су-24“ во тек на летот над Доњецк, се најде пред удар на оган од вкупно четири проектили од видот Манпадс. Еден од проектилите го погоди авионот, што предизвика пожар кај моторот. Пилотот успеа да ги сопре моторите, да го изгасне огнот и да го уништи противавионскиот лансер, кој го погоди- рече портпаролот на украинската антитерористичка операција (АТО).

Тој додаде дека пилотот ги презел сите мерки за слетување, но бидејќи авионот ја изгубил способноста за контрола, тој бил принуден да се катапултира.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми