ПС на ОБСЕ одобри резолуција за Украина

Од:

Парламентарното собрание на ОБСЕ одобри резолуција со која се осудуваат неодамнешните постапки на Русија во Украина.

Резолуцијата беше одобрена на пленарна седница одржана денеска во Баку, на годишното заседание на Парламентарното собрание. За резолуцијата гласаа 92 парламентарци, против беа 30 и 27 беа воздржани.

Со резолуцијата се осудува кршењето на Хелсиншките принципи кои Русија ги направила во Украина, вклучително и флагрантно кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.

Реззолуцијата со тоа, влегува во нацрт-декларација од Баку за која утре ќе се гласа од 300 парламентарци од повеќе од 50 држави. Декларацијата ќе содржи препораки на ОБСЕ и 57 држави учеснички во областите политички работи и безбедност, економија, екологија и човекови права, соопшти ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми