Најмалку четворица убиени и петмина ранети во гранатирањето на Краматорск

Од:

Најмалку четири лица се убиени и пет ранети при гранатирање на градот Краматорск, во источната украинска Доњецка област, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на локалните власти.

Ова се први жртви во Украина откако претседателот Петро Порошенко во текот на ноќта го прекина примирјето во југоисточниот дел на земјата и и го најави обновувањето на операцијата на силите за безбедност против проруските сепаратисти.

-Антитерористичката операција во Украина беше обновена утринава, потврди претседателот на Врховната рада Олександар Турчинов, цитиран од француските медиуми.

Турчинов, на отворањето на седницата на еднодомниот Парламент, изјави дека „украинските вооружени сили изведуваат напади врз базите и бастионите на терористите“, како што украинските власти ги нарекуваат проруските сепаратисти во југоисточниот дел на земјата.

Украинската армија со авијација и артилерија ги гаѓа позициите на бунтовниците на истокот од земјата, пренесе претходно ИТАР-ТАСС.

Неколку гранати експлодирале и во градот Луганск. Нема настрадани.

Украинските медиуми соопштуваат за пукање во текот на ноќта и во Доњецк, но ситуацијата во градот засега била мирна.

Украинското Министерство за надворешни работи ги обвини проруските сепаратисти дека 108 пати го нарушиле примирјето, што беше прогласено на 20 јуни, пренесе уште ИТАР-ТАСС. Од тогаш биле убиени 27 и ранети 69 украински војници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми