Населението во Романија е намалено за 0,4 проценти на 1 јануари 2014 година во споредба со 1 јануари 2013 година. Податоците дадени од националниот институт за статистика покажуваат бројот на населнието е под прагот од 20 милиони лица.
На 1 јануари 2014 година населението во Романија броело 19,94 милиони лица, околу 57 проценти од нив се на возраст од 25 и 64 години.
Процентот на мажи е 48,8 и според статистиката тие бројки се слични во однос на 2013 година.