Градоначалникот на Киев и лидер на партијата „УДАР“, Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир, извоиле 270.000 долари за да купат опрема за киевскиот баталјон на таа партија, стои на порталот на „УДАР“.
-Баталјонот на „УДАР“ е ангажиран во казнените операции во регионот на Луганск. Владимир и јас издвоивме 270.000 долари за да купиме работи, кои што им се потребни на борците- рече Виталиј, пренесе „Итар тас“.
Парите ќе бидат употребени за купување оптичка опрема, двогледи, панцири, личен прибор за прва помош, анестетици и друга опрема.
Е. Г.