Склад за муниција на украинската Национална гарда во Доњецк вчера бил кренат во воздух по наредба на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков, соопшти ИТАР-ТАСС.
Реонот околу складот бил обезбеден, а на местото на експлозијата избувнал пожар. Нема информации за евентуални жртви.
Според Аваков, командата на локалната воена единица, што била дел од Националната гарда,а која три месеца се наоѓала под опсада, не се потчинила на барањата на таканаречената самоодбрана за да го предаде оружјето и складот да и го предаде на располагање на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.
При вчерашниот обид на сепаратистите да упаднат во складот тој бил кренат во воздух за оружјето и муницијата да не паднат во нивни реце.