А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Канческа-Милевска: Проектите од културното наследство во Охрид течат според утврдената динамика

by А1он29/06/2014 - 14:5091
Share0

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети локалитетите Долни Сарај и Антички театар во Охрид каде веќе се завршени проектите за поставување монтажни покривни конструкции, со што овие овие сцени ќе бидат заштитени од надворешни влијанија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Покривните конструкции на двете сцени, проект за кој Министерството за култура издвои 15 милиони денари, ќе овозможат унапредување на условите за реализација на програмата на фестивалот „Охридско лето“, како и на другите музичко-уметнички настани и манифестации кои се одвиваат во градот во текот на целата година. Конструкциите се направени според сите светски стандарди ќе бидат од голема функција за сите гости кои ги очекуваме на годинашното „Охридско лето“, истакна Канческа-Милевска, која беше придружена од директорките на националните установи Завод и музеј од Охрид и на фестивалот „Охридско лето“, Тања Паскали- Бунташеска и Елизабета Јанкуловска.

На денешната работна посета на Охрид, Канческа-Милевска се запозна и со динамиката на активностите за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа потсети дека во Министерството за култура веќе е пристигнат извештајот на експертската мисија на УНЕСКО, кој на нејзина покана во декември минатата година престојуваше во Охрид. На Плаошник на површина од 900 метри квадратни, согласно со ДУП-от на општина Охрид се градат три комплекси кои содржат шест објекти.

– До фазата карабина е завршен манастирскиот конак, паралелно се работи на библиотеката, Центарот за хуманистички науки и музејот на Плаошник, каде што ќе биде сместена галерија на икони, а следно за реализација е изградбата на Богословскиот факултет, најави министерката, изразувајќи задоволство од соработката што РМ ја има со УНЕСКО која била потврдена и на министерскиот состанок и на остварената билатерална средба со генералната директорка на оваа организација Ирина Бокова, викендов во Охрид.

Следете a1on на Youtube YouTube

Канческа-Милевска информираше дека во завршна фаза е и конзервацијата на архитектурата на црквата „Света Богородица Пеливлепта“, а наскоро се очекува да започне и конзервацијата на вредниот фрескоживопис во овој споменик на културата заштитен со закон.

– Целосната конзервација на вредниот споменик „Света Богородица Перивлепта“ се одвива според утврдената динамика. Посебно ме радува тоа што надворешната архитектура е прекрасно изведена, рече Канческа-Милевска. Таа потсети и на останатите проекти од областа на заштитата на културното наследство кои се реализираат во Охрид.

– Започна конзервацијата на мозаиците на локалитетот Манчевци, по што ќе следи и илуминација со што до крајот на оваа година овој значаен локалитет целосно ќе биде презентиран пред јавноста. Во завршна фаза е и конзервацијата на Куќата на Ајри Доко која следната година целосно ќе биде завршена, истакна Канческа-Милевска и додаде дека екипите од Завот и музеј Охрид во јули ќе започнат со конзервацијата на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Косел, а во август ќе се работи на конзервацијата на фрескоживописот на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Струга.

kultura

Би можело да ве интересира

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 09:13

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 08:38

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 09:12

Украдените дела на Реноар, Сезан и Матис пронајдени по пет месеци во Италија

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 02:4914/08/2026 - 21:52

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Предраг Петровиќ30/07/2026 - 16:05

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 10:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео