Митинг за прекин на примирјето во Украина

Од:

Неколку стотици луѓе се собраа денеска пна протестен митинг пред зградата на претседателскиот Кабинет во Киев, од кој побараа шефот на украинската држава Петро Поропенко да го прекине примирјето во источниот дел на Украина.

Како што јави ИТАР-ТАСС, меѓу учесниците на собирот имало и голем број припадници на воениот баталјон „Донбас“, кој е составен од доброволци.

На собирот, чиј иницијатор бил командантот на баталјонот „Донбас“, Семон Семонченко, беше прочитан „апел од името на Украинците“ до Порошенко во кој се бара прекин на примирјето, воведување на воена состојба во Украина, преземење неопходни воени мерки за „ликвидирање на терористите“ и покренување иницијатива пред ЕУ и САД за воведување на „трета фаза од санкциите кон Русија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми